Скопјани во недела ќе трчаат 10 километри по Илинденска и Партизанска

Во недела, на 13-ти јуни на булеварот Илинден, пред фонтана Лотус, со старт од 07:30 часот, ќе се одржи долгоочекуваната трка „ХалкЕко Скопје трча 10км“, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, а во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје и спонзорство на ХалкБакнк.

Учесниците ќе трчаат 10 километри по булевар Илинден и дел од булеварот Партизански Одреди. Трката, како што најавија организаторите, ќе биде комплетно организирана според безбедносни протоколи и препораки, со цел заштита на учесниците и организаторите.

Тркачите ќе бидат распоредени во 5 стартни боксови. Во секој стартен бокс ќе мора да има растојание помеѓу тркачите од 1,5 метар, а носењето на заштитна маска ќе биде задолжително цело време, освен за време на трката.

Агенцијата за Млади и спорт е покровител на трката која е влезена во календарот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА).