Почна пријавувањето за „Виз Ер Скопски маратон“

„Виз Ер Скопски маратон“ од денеска (25 февруари, петок) го започнува пријавувањето за јубилејното 18-то издание на тркачката манифестација што ќе се одржува на 2 октомври.

Пријавувањето оди преку официјалната страна на „Виз Ер Скопски маратон“: http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/.

„Со сменетиот датум што веќе неколку години се оддржува во месец октомври, Виз Ер Скопски маратон е претпознатлив не само за тркачите од земјата, регионот и од целиот свет, туку и за сите Скопјани, кои уживаат да ја негуваат маратонски долгата традиција на секое издание на маратонот со споделување на прекрасна енергија низ улиците на Скопје, и со дружба од рано наутро па сѐ до завршување на манифестацијата“, велат организаторите на манифестацијата.

Маратонот, полумаратонот, штафетната маратон трка – ЕУ со тебе и 5км трка, кои веќе со години се дел од самата манифестација и оваа година ќе го заземат своето место во склоп на спортскиот настан.