Започна меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“

Со претставата „Jedvanosimsoboakalomistobo“ на саревскиот воен театар „Сарт“ од Босна и Херцеговина синоќа започна петтиот Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“, кој ќе се одржува до 24 јуни.

Ќе имаме седум претстави, од кои четири од Македонија и три од БиХ и Србија.

Претставите ќе се играат во Спортскиот центар Ново Лисиче, но во случај на невреме алтернативна сцена ќе биде објектот на Театар Комедија. Влезот за сите претстави ќе биде бесплатен, а фестивалот ќе има натпреварувачки карактер, со тричлена жири комисија.

Во рамки на фестивалот ќе бидат доделени награди за најдобра режија, најдобар актер, најдобра актерка и за најдобра претстава во целост. Од оваа година фестивалот внесе уште една категорија на награда – награда за уметнички впечаток.

За фестивалот општината и оваа година издвои еден милион денари од буџетот. Организатор на настанот е повторно Театар Комедија.

Претставите ќе се играат секој ден со почеток во 21 часот.