„Забранети книги: Америка во 21 век“ – студентска дискусија со Румена Бужаровска

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ организира дискусија со професорката Румена Бужаровска. Темата на којашто ќе се разговара е насловена „Забранети книги: Америка во 21 век“.

Дискусијата е најавена за 21 март во аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, со почеток во 16 часот.

Во неа ќе учествуваат и Душица Лазова, дипломирана професорка по англиски јазик и книжевност, како и Викторија Постоловска, студентка на Филолошкиот факултет.

Поради протоколите за заштита од КОВИД-19 местата се ограничени. Прворегистрираните ќе добијат покана да учествуват на настанот во живо, информираат од УСС УКИМ.

Студентите може да се пријават за учество на следниот ЛИНК.

Настанот е во рамки на серијалот студентски дискусии со научниците и уметници на УКИМ што ги организира Универзитетското студентско собрание.