За милениумците Берни Сандерс е кул токму поради тоа што има 74 години

На 74 години, Берни Сандерс со неговата бушава коса, изгужвана облека и намуртено однесување можеби не изгледа на очигледниот избор за политички витез за милениумската генерација. Америка сепак е родното место на мантрата од шеесетите години „Не верувај на никој кој има повеќе од 30 години“. Дури и сега повеќето Американци ги сметаат старите луѓе во најмала рака за некул, или уште пострашно, нерелевантни, пишува Вашингтон пост.

Сепак за милениумците (millennials) – генерацијата која е во нивните доцни тинејџерски години до средните триесети, овој став е застарен.

Низ цела Америка, младите гласачи покажаа огромна преференција кон Сандерс, со што значително го намалија јазот меѓу него и Хилари Клинтон во демократската трка, а во еден случај и му донесоа убедлива победа. Статистиките покажаа дека во Ајова, Њу Хемпшир и Невада, повеќе од 80 проценти од луѓето помеѓу 18 и 29 години го поддржале Сандерс, кој доколку победи ќе биде најстариот претседател на САд.

За една генерација која е загушена од студентски долгови и ниска моќ на заработка, говорите на Сандерс за бесплатно образование и редистрибуција на богатството погоди нерв. А неговата возраст? Таа не само што не е одбивна, туку е привлечна, бидејќи го засилува со мудрост и перспектива и го поврзува со историски настани на кои милениумците им се восхитуваат.

„Тој е дедото кој те сфаќа“, вели Даш Радости (20), кој учи јавна политика и финансии на Американскиот Универзитет во Вашингтон. „И тој не се обидува да го скрие она што е. Тој е многу автентична личност, која особено одекнува меѓу младите луѓе“.

За генерација која сака се што е „направено дома“ (homemade) – од велосипеди до мебел па до сушено месо – автентичноста е клучот.

„Младите бараат еден нефилтриран пристап“, вели Кристина Велан, професор во наука на конзумеризам на Универзитетот во Висконсин на Медисон, реферирајќи на Инстаграм фотографиите кои се едитираат. „Тие сакаат да знаат што е вистинско“.

Во исто време тие се лути за скапите кирии и цената на образованието, како и лимитираните економски можности. Доколку Барак Обама во 2008 за нив беше симбол на надеж, сега Сандерс е симбол на нивната погрешна илузија.

„Тој е иритиран (grumpy) а и тие се иритирани. Мислиме дека е чудно дека тие би трчале околу намуртен стар човек, но можеби не е така, можеби тоа е нивната форма на контракултура“, вели Вилан.

Всушност, многумина велат дека возраста на Сандерс му дава една острина.

„Кој не го сака намуртениот дедо кој бил на вистинската страна од борбата со декади?“, вели Бенет Нунан (30), работник за техничка поддршка од Марион Ајова.

Како што социјалните медиуми ги охрабрува младите луѓе да станат се повеќе политички активни, идејата да се избере некој кој одел покрај Мартин Лутер Кинг носи одредена романса.

Исто така она што е важно е што Сандерс воопшто не се совпаѓа со конвенционалните идеи како еден претседателски кандидат треба да изгледа или да се однесува. Не прави никаков обид да ја промени неговата облека или пак да го контролира неговиот силен дијалект од Бруклин. Ова ги прави младите да му веруваат уште повеќе.

Подршката за повозрасен кандидат може да е поврзано и со младите луѓе во Америка кои се поповрзани со своите родители отколку претходните генерации. „Тие уживаат со нивните дедовци и баби во правењето нови работи и им покажуваат како да се користи компјутерот, како и во интелектуалните разговори со луѓе со кои имаат голема разлика во возраста“, вели Емили Колинсон, студент по меѓународни односи на Американскиот Универзитет.

Сега милениумците го прифаќаат старото повеќе од било кога, со нивната љубов за ретро работи, од винил плочи па се до планински хипстерски бради.

Всушност Сандерс и неговите поддржувачи се толку раздалечени еден од друг со возраста, што на некој начин се спојуваат. Милениумците не го поврзуваат зборот „социјалист“ со Железната Завеса, за нив тој асоцира на Скандинавија, со нивните кратки работни денови и дарежливо здравство.

Но што е со издржливоста да се биде претседател на САД? Неговата работа е позната по тоа што им ги обелува косите на луѓето – што ќе му направи на некој кој веќе има бела коса и на крајот од мандатот ќе има 83 години?

„Способноста на сенаторот Санерс да води тешка национална кампања и да се врати во Сенатот за гласања ја покажува неговата издржливоста и неговуот капацитет“, велат неговите поддржувачи.

„Иако е доста возрасен, тој има многу младост во него“, вели Брита Саланис, 20 годишен поддржувач на Сандерс.

„Плус тој цел дискурс за тоа дека Сандерс е престар за работата на мене ми звучи како дискриминација на старите (ејџизам)“, додава Колинс.

Извор: Washington Post