„World of Warcraft“ одиграна „офлајн“ во шума

Чешкиот веб-програмер Војтех Ружичка го остави својот лаптоп и урбаниот животен стил во Прага и отиде во шума одалечена седумдесет километри од чешката престолнина за да учествува во преставувањето на компјутерската игра „World of Warcraft“.

26-годишниот Ружичка е еден од 150 луѓе кои учествуваа во дводневните борби во живо меѓу орките, џуџињата, витезите и други измислени јунаци во играта, која стана културен феномен откако излезе во 2004 година.

Ружичка сам го дизајнираше и направи својот костум со крзно, украсен со черепи.

Лицето го обои во сино, а брадата во портокалова пред да ја заземе својата позиција во шумата, каде борците ја бранеа својата планета од демонската војска позната како „Burning Legion“

„Секогаш заборавам на вистинскиот свет, тоа ме опушта“, изјави тој.