Второ традиционално искачување на Клепа во недела

ЕГ Грин Пауер и Планинарски предизвик „12 врвови“, во недела (10 февруари)организираат еднодневно традиционално зимско искачување на врвот Клепа (1150 мнв).

Целта на акцијата е да се промовира малку качуваниот врв Клепа, да се поттикне земјоделското (рурално) население во овој реон за движење низ планина, како и да се манифестира соработка помеѓу планинарските клубови и друштва. Во чест на прерано заминатите Калина и Александар, на дел од патеката ќе се засадат садници обезбедени ЈП „Македонски Шуми”.

Во акцијата како организатори се приклучуват општините Градско и Росоман низ кои поминува патеката. За сите учесници ќе има бесплатен ручек, пијалок и десерт во конаците на манастирот Св. Архангел во близина на село Горно Чичево, а секој учесник треба да понесе со себе прибор за јадење.

Поради стратешката местоположба, врвот Клепа долго време бил центар на воени бази и на фронтовската линија, така што на неговиот врв се наоѓаат остатоци од бункери, засолништа и археолошки наоѓалишта.