Времето истече: Жените од Холивуд започнаа кампања против сексуалното насилство

Повеќе од 300 актерки, писателки и режисерки го започнаа проектот за борба против сексуалното вознемирување во филмската индустрија и на други работни места, објави Би Би Си. Иницијативата насловеба „Time’s Up“ или „Времето истече“, беше објавена во оглас на цела страница во весникот Њујорк тајмс.

Камапањата доаѓа по обвинувањата за сексуална злоупотреба од страна на познати актерки против продуцентот Харви Вајнштајн.Кампањата, која ја поддржуваат стотици актерки, меѓу кои и Натали Портман, Рис Витерспун, Кејт Бланшет, Ева Лонгорија и Ема Стоун, веќе собра повеќе од 13 милиони американски долари, од предвидените 15 милиони долари.

Собраните пари ќе бидат искористени за финансирање на правна поддршка за жените и мажите жртви на сексуално вознемирување на работа.