Воведена целосна забрана за движење во шумите

Од вчера се воведе целосна забрана за движење во шуми без оглед на каква било намена, а ќе трае додека надлежните сметаат дека има потреба, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Оваа одлука не важи за вработените во ЈП „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории.