Волонтерска акција за чистење на Кратово

Локалната самоуправа на општина Кратово организира саботна волонтерска еколошка акција насловена „Алтернативна еко-сабота“. Во текот на акцијата ќе се чистат патеките и паркот во месноста Карши бавча, а настанот треба да им покаже на жителите дека треба да ја чуваат својата околина.

За акцијата, која ќе започне во 11 часот, се обезбедени ракавици и вреќи за отпад, но од општината посочуваат дека секој што ќе учествува дополнително може да понесе останати алати за чистење.

„Ние ќе обезбедиме ракавици и вреќи за отпадокот. Дополнително, со Вас можете слободно да донесете сѐ што сметате дека ќе може да помогне (метла, лопата), но најважно од сѐ е да донесете со Вас ентузијазам“, се вели во повикот.