Во Турција отпуштени 8.390 државни службеници

Дури 8.390 државни службеници  се отпуштени од турските власти поради наводна поврзаност со терористички организации, а наредено е и затворање на повеќе од 80 организации, меѓу кои и спортски клубови.

Според турските медиуми, отпуштените службеници се од 63 различни државни институции – 2.687 се полицајци, 1.699 вработени во Министерството за правда, 838 здравствени работници и стотици вработени во други министерства, како и 631 академици и осум членови на Државниот совет.

Ова е најнова чистка во редовите на турската администрација по неуспешниот обид за пуч на 15 јули минатата година. Претходно повеќе од 100.000 луѓе беа суспендирани или отпуштени.

Властите наредиле и и затворање на 83 организации, меѓу кои и осум спортски клуба поради обвиненија дека имале активности кои влијаеле на државната безбедност. Повеќето од организациите се од југоисточниот дел на Турција, каде живеат мнозинство Курди.