Популацијата на европската гугутка веќе опаѓа, но бројките може нагло да се намалат после ловната сезона во Малта.
На ловџиите на Малта им е дозволено да убијат најмногу 5000 гутуки во периодот меѓу 17 и 30 април, и покрај предупредувањата на Интернационалната унија за зачувување на природата дека овој вид птица е на црвената листа на загрозени животни.
Според Унијата, населението на оваа птица во Европа се проценува дека ќе се намалува со брзина од 39 до 40 отсто на секои три генерации. Други студии покажале дека само во Велика Британија, населението се намалило за 93 отсто од 1970 година до денес, а научниците предупредуваат дека гугутките може сосема да исчезнат од овој остров до 2021.
Гугутките се познати по тоа што имаат еден партнер и по мекиот, мелодичен глас, поради што се познат симбол на љубовта во песните и поемите. Кога статусот на оваа птица премина од „загружувачки“ во „ранлив“, групите за заштита на животните реагираа со петиции и посебни веб страници.
Од малтешката влада изјавија дека го зеле предвид падот на населението на гугутките кога го поставиле лимитот, односно максималниот број на уловени гугутки бил намален од 11000 на 5000.
Инаку, Малта е единствена земја во Европската унија која дозволува лов на разни видови гулаби и плаша. Минатата година речиси усвоија забрана за лов на овие птици, но предлогот падна поради недоволен број на гласови.
Извор: Mashable