Во четврток промоција на книгата за деца „Љубов во топка“ на Ана Јовковска

Во четврток, 11 април со почеток од 19 часот, во културниот центар „Јадро“ ќе се одржи промоцијата на книгата „Љубов во топка“ на Ана Јовковска. Ова е седма книга на Ана а воедно и втора илустрирана книга за деца, во издание на „Едиција светулка“.

„’Љубов во топка’ е интерактивна илустрирана книга за деца од претшколска и раноучилишна возраст што го обработува проблемот на врсничкото насилство.“ – информираат организаторите.

Илустрациите во книгата се на Иванка НиБа. 

Промотор на настанот ќе биде Владимир Мартиновски.