[Видео] Зошто луѓето гласаат за Трамп – смртта на американскиот сон

Новинарите на Guardian Џон Харис, Џон Докомос, Ноа Пејн-Френк и Мустафа Калили преку разговор со поддржувачите на Доналд Трамп во обид да сфатат зошто луѓето гласаат за него.

„Освен што користи валкана реторика, политичарот во трка за републиканска кандидатура постојано зборува за еден голем проблем: американските фирми кои се почесто се преселуваат во странство и падот на чувството на патриотизам на земјата“, пишува Guardian.

Џон Харис го следи Доналд додека победува во Индијана, ја раскажува приказната на една пропадната фабрика која Трамп постојано ја користи во говорите и разговара со гласачите кои сметаат дека тој е единствената опција, какои луѓето кои сметаат дека целите избори се измама.