[Видео] Животот на зградите : ГТЦ

Архитектонското студио „Сара Симоска Архитектура“ направи видео за ГТЦ, со примарна идеја да го документира животот на зградата во изминатите години преку лични искуства на жители на градот Скопје, креативни творци и архитекти.

„Видеото има за цел да долови на гледачот една поинтимна врска со објектот ГТЦ кои ние ја чувствуваме. Избран е медиумот видео да се реализира оваа цел како најсоодветен и најпластичен во времето во кое живееме. Проектот планира да продолжи со снимање на вакви видеа и за други згради во нашата земја“, вели архитектката Сара Симоска, која е режисер на видеото.

Видеото е направено од Теодор Ангеловски и Бруно Вељановски.

Во него зборуваат Васил Шемкоски, Ирина Тошева, Даница Циги Павловска, Филип Конески, Александра Јанакиевска, Сара Симоска, Раде Бербер.