[Видео] Унгарец пливаше во калта на уличните дупки како протест до надлежните

Во малото гратче Керцел, во јужна Унгарија, човек нашол нов начин како да го привлече вниманието на властите. Вооружен, не со петиции, туку со хумористично вирално видео, тој нашол ефикасен начин да го реши проблемот со дупките во градот.

Мажот, кој сакал да остане анонимен, дошол до идејата по обилните врнежи кои ги преполниле со кал и вода дупките на улиците викендов. На видеоснимката тој се појавува во бањарка и очила за пливање и се фрла во дупката и неколку метри плива во калот.

Видеото, поставено на Фејсбук, го погледнале 1,3 милиони луѓе и било споделено преку 17 илјади пати. Три дена по објавата, во градот се појавиле комуналните служби и почнале со поправка на патот, пренесува Еуроњуз. Според „пливачот“, најпосле нешто се случувало.

Владата, според информациите, немала доволно средства за поправка на сите патишта во областа. Работниците за локалната телевизија АТВ изјавиле дека ќе бидат потребни неколку години за санирање на сите патишта во градот.