[Видео] Островски музички доживувања од „Elysium Island Festival 2019“  

Во изминативе пет години, во Србија близу Нови Сад, на остров на реката Дунав се случува летениот фестивал „Elysium Island Festival“.

Освен психоделичен транс стејџ, фестивалот нуди и посебен „Larva“ стејџ за амбиентална и трајбл музика, но и филмски проекции, театар, уметнички простори, разни работилници и места за дружење, сето во тропски амбиент и песочна плажа.

Летово следува шесттото издание, а во продолжение погледнете го официјалното видео што го изработија организаторите за петтото јубилејно издание на фестивалот од 2019 година: