[Видео] Охридско-струшко водоводно насукување „Проаквија“

Струшкото здружение за развој и активизам „Аква“ го објави својот втор краток филм „Самите на себе си! Охридско-струшко водоводно насукување „Проаквија“ кое на сатиричен начин го покажува трошењето пари од јавното претпријатие „Проаква“.

Во описот на видеото од здружението „Аква“ ја доставуваат и т.н. „Листата на факти“ за работењето на  MЈП „Проаква:

1. Ненаменски потрошени 9.000.000 евра, KfW и ЕБРД банка
2. Двојно зголемен бројот на вработени, наместо 250 (по светски стандарди) сега се над 500
3. Лошо управување со имот, поголем дел од вредниот имот е ПРОДАДЕН
4. Незаконски делби на имот и недвижности помеѓу Охрид и Струга
5. Изградбата на водоводот за Охрид и Струга е преплатена за 712.000 евра
6. Водоводите сеуште немат технички прием и одобрение за употреба
7. Општините Охрид и Струга сеуште плаќаат годишни ануитети и камати за дел од 9 мил. евра.
8. Постојат 5 јавни претпријатија и 2 работни единици : 2 во Охрид и 5 во Струга

аква

„Дечките се со „Апетит за самоуништување“, а требаше само да не „ја матат водата“ што тече покрај нас.Зарем тоа е толку тешко?“, прашуваат од „Аква“.

Ова е второ видео на „Аква“. Првиот краток филм го објавија минатата година, а тема беше функционирањето на „урбаната мафија“ во Струга.