[Видео] Од виножитото не се живее

Гледајќи од очите на дете, светот изгледа како поле на креативна мисла и индивидуалност. Постепено, навлегувајќи подлабоко во водите на возрасните, полека ја губиме детската невиност и поглед за светот и почнуваме да ја согледуваме бруталноста на истиот. Да се биде „различен“- креативен е надвор од рамките на денешното изопачено општество. Ова општество го хранат послушни, безлични роботи. Во 21 век, во нашата земја нема место за луѓе кои мислат outside the box, се вели во најавата за видеото „Од виножитото не се живее“.

Видеото е производ на работилница за видео перформанс на Медиа/арт клубот Скопје на Младински образовен форум. Првично е објавено на настанот „Пречки во програмата“ на 27 јуни.

Изработено е од Елена Стојковска, Ивона Богдановска, Влатко Јовановски, Магдалена Димковска, Тамара Богдановска и Андреа Илиевска.