[Видео] Нуркачи ја извадија кадата фрлена во Охридското Езеро

Нуркачите од центарот „Акватек“, кои пред неколку дена објавија подводни фотографии од када фрлена во Охридското езеро, сега споделија видео и фотографии од акцијата со која ја отстраниле.

„И ветар да вее и бура да коси и бран да фати, зборот е збор… кадата е извадена“, напишаа од нуркачкиот центар на нивната Фејсбук страница.

Ова не е првпат вакви предмети да се најдат во езерото. Автомобилски гуми, пластични шишиња, најлонски кеси, покуќнина, азбестни цевки и друг цврст отпад, се редовна појава.