[Видео] „На Точак” – краток студентски документарец од архивата на ФДУ

„После долго време, краткиот документарец „OnBike” за НаТочак и Критична Маса е достапен за гледање онлајн. Многу работи кои тогаш беа посочени како сериозно проблематични во скопскиот (вело)-сообраќај, денес ги нема за што особено ми е драго. Многу од нив постојат во истата или слична форма. Сепак, документарецот останува како меморија и потсетување за сите извозени километри на скопските улици, сите искршени точаци од ужасните рабници на тротоарите, сите прегорени ѕвончиња од кревање галама секоја последна среда од секој месец со години“.

Вака Горјан Атанасов го најави објавувањето на интернет на документарецот кој досега стоеше во архивата на Факултетот за драмски уметности. Атанасов е режисер и сценарист, додека снимател е Кристијан Караџовски.

Академска сцена на ФДУ Скопје периодот самоизолација решија да го искористат за да го пополнат  слободно време на студентите со објавување кратки филмови од архивата на минатите и сегашните студенти на ФДУ Скопје. Сите што сакаат да ги погледнат филмовите кои се објавуваат секој ден, доволно е да ја посетат нивната Фејсбук страница.