[Видео] „Младите да создаваат сами, наместо да чекаат вработување во државна администрација“

Над 350 студенти имаа можност да ги слушнат мотивационите говори на Жан Митрев, Снежана Лупевска и Бранко Огњановски, како дел од третиот настан на акцијата Feed Your Brain кој се случуваше во вторникот во Мултимедијалниот Центар при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип.

Жан Митрев ги сподели техниките за мотивација кои ги користел и се уште ги користи, и им зададе задача на присутните млади со која можат да започнат да го „тренираат” својот мозок, Лупевска им пренесе на младите колку е битно да работиш со пасија и адреналин – бидејќи тоа те тера напред во својата професија и живот, додека Бранко Огњановски на крај им порача на младите да научат да креираат и создаваат самите, наместо да чекаат вработување во државна администрација.

Целта на настаните е младите низ низата на успешни лични приказни од говорниците, да слушнат, да се мотивираат и да се поттикнат да се развиваат постојано и да го остваруваат својот сон тука, во својата земја.

Feed Your Brain e акција која е дел од платформата Мрдни со Прст која е граѓанска платформа, чија мисија е да поттикне акција на размислување за индивидуалната одговорност и поголема граѓанската вклученост во решавање на општествените прашања кои сите нè засегаат, бидејќи секое мало мрдање со прст придонесува за големи резултати и промени. Иницијативата започна пред повеќе од една година и секој граѓанин, граѓанска иницијатива или организација може да стане дел од неа.

Наредниот настан ќе се одржи во Прилеп на 17-ти април на Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Климет Охридски”