[Видео] Макетарството во Македонија – деликатна уметност која никој не ја цени

Драган Цветиќ е еден од малкуте макетари во земјава. Негова пасија се борбените авиони од ерата на Студената војна, кои ги има во изобилство во неговиот дом.

Со макетарството првпат се запознал во прво одделение кога од своите родители добил подарок макета од авион. Денес, од хоби тоа за Цветиќ прерасна во професија. Сепак, умешноста да се изработи нешто вакво често се потценува од страна на институциите и граѓаните, забележува тој.

Затоа, пак, неговиот труд го ценат бројни клиенти од странство, за кои годишно изработува и до 45 макети.

Цветиќ, заедно со уште 15-тина други ентузијасти пред три години го оформија клубот „Мајор Михајло Ивановски – Микс“, одржувајќи изложби на макети од државата и регионот. Годинава, настанот ќе се одржи од 2-4 март во Дом на АРМ.