[Видео] Како се подготвува и поднесува барање за слободен пристап до информации од јавен карактер?

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ направи едукативно видео во кое има совети за тоа како се подготвува и поднесува барање за слободен пристап до информации од јавен карактер. Секој граѓанин има право да поднесе вакво барање, но најчесто тие не се запознаени со процедурата, или пак, прават грешки. Поради тоа, здружението дава директни примери како грешките да се надминат и да се поднесе соодветно барање, со цел граѓаните да ја добијат информацијата што сакаат да ја дознаат.