[Видео] Јасно и Гласно: Кој ги штити работничките права?

Масовни отпуштања и раскинувања на договорите за работа во сред пандемија, ниски плати, лоши услови за работа, мобинг… Ова се само дел од проблемите со кои се соочуваат илјадници македонски граѓани кои едвај крпат крај со крај од почетокот до крајот на месецот за да ги задоволат најосновните животни потреби.

Во оваа епизода на Јасно и Гласно, на Денот на човековите права, разговараме за работниците и за оние кои останале без работа. Колку се заштитени нивните права и достоинство? Дали недела како неработен ден ќе смени нешто, или само дефокусира од вистинските проблеми? И каде се синдикатите во целата оваа равенка?

Дискутираме со Вилдан Дрпљанин, активист за човекови права и правен советник во Хелсиншкиот комитет, Кристина Ампева од здружението „Гласен Текстилец“ и Слободан Трендафилов од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Дискусијата погледнете ја на видеото во продолжение или на следниов ЛИНК.