[Видео] „Иднината е одржлива“ – студенти промовираа еко-мода

Студенти на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје изработија модни креации од материјали кои ги нашле во архивата на факултетот, во плакарите на нивните мајки, со редизајн на плетенините на нивните баби, со рачно фарбање со природни бои, или пак со реупотреба на „винтиџ“ облека.

Станува збор за студентите од програмата за Дизајн и инженеринг на облека, под раководство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева.

Идејата е да промовираат нов и одговорен однос кон облеката и дизајнот во иднината, па оттука и слоганот на нивното модно шоу „Иднината е одржлива“.

Шоуто годинава беше поделено во три дела: „Природа и архитектура“, „Боите на градот“ и „Скоцкај се“.