[Видео] Engage Kicks&Gigs со Емилија Славковска

Ова издание на Engage Kicks & Gigs, во студиото на Радио МОФ ја имаме младата и талентирана Емилија Славковска. Емилија е пејачка, а свири и на гитара и укулеле.

Нејзиното прво EP, „Бои“ беше промовирано кон крајот на минатата година. Освен нејзините веќе познати „Во ред (црвена)“ и „Розови очила (портокалова)“, Емилија за нас премиерно ја отсвири и песната „Tomatoes“.

Веб серијалот Engage Kicks & Gigs, во кој гостуваат млади и алтернативни бендови од Македонија, има за цел да ја поддржи и промовира локалната сцена, како и да ја запознае публиката со домашните музичари од еден поинаков агол.

Звук – Ненад Трифуновски Видео монтажа – Горјан Атанасов