[Видео] Диносаурусите од Ченто

Три праисториски животни од отпадно железо периодов се населени во паркот во скопско Ченто. Таму локалните граѓани, минувачите и туристите до 15 јануари можат да уживаат во изложбата на дипломираниот вајар, Андреј Миневски. Уметникот железото го собира од отпад, автосервиси, пријатели, а му требаат неколку месеци за да креира ваква скулптура.

Изложбата е насловена „Од граѓаните за градот“ и е дел од програмата на Град Скопје – „Од центарот кон периферијата: културата како алатка за социјален развој“.

Видеото го изработија Бојан Шашевски и Даниел Евросимоски.