[Видео] Демолирано кафулето „Излет“

„Прво фарбаа, сега скршија, подобро што сме се промашиле, али у секој случај.. не можат по магарето па удираат по самарот!“, соопшти на Фејсбук сопственикот на „Излет“, објавувајќи и видео од кафулето кое е демолирано.

На видеото се забележуваат искршени прозори и фрлени камења.

„Излет“ се наоѓа во центарот на Скопје, а претходно беше мета на напад и за време на Шарената револуција, откако ова кафуле ги отвори вратите за демонтрантите и од таму се собираа донации за плаќање на пријавите за фрлање боја.