[Видео] Бразилска казна за паркирање на место за хендикепирани лица

Еден несовесен бразилски возач, паркиран на место за хендикепирани лица, бил принуден да ја научи лекцијата за својата грешка на крајно понижувачки начин. Досетливите (и упорни) граѓани го прекриле целиот негов автомобил со сини и бели налепници и го претвориле во џиновски цртеж на знакот за паркинг-местото резервирано за лица со посебни потреби.

Еве снимка на која се гледа како нервозниот возач засрамен го напушта местото на настанот, додека сообраќаен полицаец му ја пишува заслужената казна. Видеото, поставено вчера, веќе има над половина милиони прегледи на Youtube: