Непознати вандали вчеравечер ја издушиле џиновската скулптура на дуење која беше поставена на еден плоштад во Париз, откако редица конзервативни здруженија и политичари го осудија нејзиното поставување, затоа што им наликувала на „гигантска секс-играчка“.
Скулптурата наречена „Дрво“ беше висока 24 метри и оддалеку личеше на дрво, но нејзиниот автор, американскиот уметник Paul McCarthy, за весникот Le Monde изјави дека е нејзиниот изглед е инспириран од секс-играчка позната како „анална затка“ и дека таа била „замислена како шега“.
Сепак, конзервативните политичари и многу парижани не ја ценеа смислата за хумор на McCarthy и повикаа за отстранување на „навредливата“ инсталација откако таа беше поставена на плоштадот Вендом во четвртокот.
Само некоклу часа по поставувањето, 69-годишниот автор добил шлаканица од жена-минувач, која му дофрлила: „Вие не сте Французин и на ова не му е мостот на плоштадот“. Уметникот бил шокиран, но неповреден. „Се случуваат ли вакви работи често во Париз?“, прашал тој откако жената избегала пред да биде фатена.
Според полицијата, рано изутрината во сабота, вандалите се искачиле преку железната заштитна ограда и го пресекле кабелот од пумпата која ја одржувала скулптурата полна со воздух, а ги скинале и потпорните сајли, по што инсталацијата се издушила.
Советникот во градското собрание на Париз, Jеrоme Dubus, од партијата на десниот центар УМП, претходно ја повика градоначалничката Anne Hidalgo, да „ја запре оваа провокација и да го отстрани ова „уметничко дело“ , кое беше лоцирано во близина на хотелот „Риц“, луксузни продавници за накит и Министерството за правда на Франција.
Според авторот McCarthy, идејата за скулптурата започнала како шега, а тој со неа сакал и да му оддаде почит на романскиот уметник и пионер на модерната скулптура, Constantin Brancusi, на чии дела му наликувала формата на „Дрвото“.