Уред го намалува фрлањето на храна зголемувајќи ја нејзината трајност

Дел од проблемот со фрлањето на вишокот на храна е купувањето на премногу органски производи како овошје и зеленчук, кои траат помалку одошто е потребно да се изедат во едно домаќинство.

Phresh food protector е нов производ, чии изумители тврдат дека го забавува распаѓањето на свежите производи за речиси цел месец, со користење на органски прав кој е толку природен што може да се јаде.

Уредот има собрано 25097 долари на Kickstarter, со што е надмината целта од 25000 долари. Во него има ќесичка, а се става во чинијата или фиоката каде стои храната. Таму го испушта правот кој го продолжува рокот на траење на храната. Производителот вели дека делува на многу видови овошје и зеленчук, како јагоди, компири и домати, а планираат и да продолжат со тестирањеза да ја зголемат листата.

Правот е направен од есенцијални масла затворени во микрокапсули. Меѓу нив има сенф, оригано и лимонова трева. На правот употребен во Phresh работеле професорите Арие Маркус и Чарлс Линдлер од Универзиетот Бен Гурион. Правот, велат тие, е толку природен, што може да се јаде во големи количини, но не го препорачуваат тоа поради вкусот.

Основачот на компанијата Phresh Organic, Амит Гал-Ор, за Mashable вели дека 12 ќесички од правта се доволни за една година, а може да се нарачаат на Kickstarter со донација од 25 долари.