УНХЦР: Бегалците и мигрантите умираат поради студениот бран што ја зафати Европа

Бегалците и мигрантите умираат поради студениот бран што ја зафати Европа, соопшти Високиот комесаријат на Обединети нации за бегалци (УНХЦР), апелирајќи до владите да им помогнат на овие луѓе, наместо да ги враќаат од границите, да ги изложуваат на насилство и да им ги одземаат работите.

„Ситуацијата е исклучително тешка во Грција“, изјави портпаролката на УНИЦЕФ, Сара Кров, додавајќи оти е важно да се спасат човечки животи, а не да се држат до бирократските аранжмани.

Портпаролката на УНХЦР, Сесил Пуји истакна дека досега починале пет лица поради ниските температури и дека околу илјада луѓе се сместени во домови и шатори без греење во Грција. Таа побара преместување на мигрантите и бегалците во подобри засолништа во континенталниот дел на Грција.

Во Србија, пак, над 82 осто, или 7 300 бегалци, баратели на азил и мигранти живеат во државата и сега се сместену во загреани владини центри. Сепак, како што велат од УНХЦР, тие се загрижени за ситуацијата на над 1000 други бегалци.