Уметник исцрта „SOS“ на плантажа во Индонезија како повик за спас на дождовните шуми

Уметникот Ернест Захаревич, заедно со тим опремен со моторни пили, упати повик за ставање крај на обесшумувањето во Индонезија исцртувајќи го универзалниот симбол за помош – „SOS“ на една од плантажите за палмино масло на островот Суматра.

Пораката се протега покрај река, на површина од половина километар. На Захаревич му било потребно една недела за внимателно да го испланира својот концепт. Палма по палма – потребно биле да се исечат 1.100 дрва за да се изработи пораката.

„О земјата, изгледа како уште една плантажа на палми. Но, од воздухот, се открива вознемирувачкиот сигнал за помош“, вели литванскиот уметник Захаревич.

Делото во Букит Мас, на островот Суматра, има цел да го привлече вниманието на деструкцијата на индонезиските дождовни шуми и критично загрозените растителни и животински видови, како орангутанот од Суматра, кој живее само на тој дел од планетата.

„Спасете ги нашите нашите души – SOS е порака за комуницирање на долги растојанија и потсетник за поврзаноста која ја имаме со природата. Колку повеќе губиме од шумите, толку повеќе во процесот се губиме и самите ние“, вели тој за кратенката.

Ова е втора година по ред во која мултидисциплинарниот уметник Захаревич ја користи индонезиската шума како центар на неговата уметничка кампања за подигање на свеста наречена „Splash and Burn“. Тој назив ја означува техниката која ја користат некои индонезиски фармери за уништување на дождовните шуми за подигање плантажи на палми.

Индонезија е најголемиот светски производител на палмино масло, кое широко се користи за исхрана, козметика и производи за чистење. И додека шумите во Индонезија се намалуваат, оваа индустрија е обвинета за соучесништво во масовното обесшумување.

Првично инспириран од катастрофалните шумски пожари од 2015 година, Захариевич вели дека оваа година тој навлегол подлабоко во проблемите на индустријата, како и уметничките начини преку кои може да ги изрази. Неговата желба е уметничките дела да го започнат многу потребниот дијалог.

„Од мојата перспектива беше важно да се внесе малку од културата на социјалните медиуми. Сметам дека многу од нас се деконцентрирани од лажни вредности, така што помислив дека сигналот за помош ќе го привлече вниманието на луѓето“, вели Захариевич.