Уметнички простор во Бруклин им дава шанса на младите деликвенти да избегнат затворска казна

Бруклинската иницијатива за правда има мисија да „изгради нов одговор на прекршоците и ненасилниот криминал во Бруклин, Њујорк“. Преку барање на нови, иновативни начини за да спречат младите да вршат кривични дела и да одат во затвор, развиле партнерство со уметникот Шон Леонардо и Recess Art, за да го лансираат проектот Assembly.

Новиот уметнички простор фунционира како галерија и програма која им овозможува на малолетните деликвенти, особено постарите, пат до рехабилитирање.

Галеријата функционира како простор во кој членовите на Assembly во период од три месеци создаваат уметност, а ментор им е Леонардо и уметници-гости. На крајот од четиринеделна работилница, суд одлучува дали случајот на малолетен деликвент ќе биде затворен за да избегне криминално досие и санкција која би му се одредила на возрасен.

„Многу од работата која ја направи Reccess и продолжува да ја прави, го разработува подтекстот на правдата. Многу од уметниците работат на уметност која на коплексен начин зборува за родот, расата, класата, а сега Assembly ги прави овие теми поексплицитни“, вели Џесика Лин од иницијативата.

Тоа што започнува реален дијалог за масовното затворање и криминалитетот во контекст на уметничко образование, го прави Assembly едно од малкуте места кои го покажуваат вистинскиот потенцијал на уметноста.

„Кога се појави можноста да се учествува во ваков вид на образовна програма, беше тешко да се каже не“, додава Лин. „Да поедноставам, главната цел на програмата е да им понуди на децата начин да избегнат одење во затвор. Њујорк ги праќа младите во затвори за возрасни, и тоа е проблем кој ние сакаме да го решиме“.