Во текот на минатиот викенд, во периодот од 22. до 25 август украдени се 27 компјутери од основното училиште „Круме Кепески“ на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје.
Како што соопштија од полиција, крадецот со употреба на физичка сила провалил во училиштето од каде што покрај 27 лаптопи „Контреид“, украл и еден двд плеер „ЛГ“.
Сторителот засега останува непознат, а од полиција тврдат дека работат на целосно расчистување на случајот.