Училиштата во Велика Британија воведуваат унисекс униформи

Осумдесет државни училишта во Велика Британија воведоа политика на „полово неутрални“ униформи, за транс учениците да можат да носат облека во која се чувствуваат удобно.

Во некои училишта, политиката за носење униформа била променета за да ги изостави ограничувањата во однос на полот. Во други училишта, политиката за униформи е одново напишана за децата во основните училишта да можат да се облекуваат според полот со кој се идентификуваат, вели Ели Барнс, која работи со училиштата за да ги имплементира програмите кои се компатибилни со правата на ЛГБТК заедницата.

„Парите кои ги алоциравме се наменети за конкретно да целат кон хомофобичното и трансфобичното малтретирање во училиштата, за да обезбедат животот на ниту едно дете да не му биде загорчен со малтретирање и да може да го постигне сиот свој потенцијал на училиште“, вели портпарол на Одделот за образование за Mashable.

Аленс Крофт основното училиште во Бирмингем е меѓу првите училишта кои вовеле полово неутрална униформа. Таму, момчињата можат да носат здолниште, а девојчињата панталони.

Пола Вивер, директорка во училиштето, вели дека транс-инклузивноста е „особено важна“ за училиштето и „прифаќањето е дел од етосот на училиштето“.

„Тоа е нешто што сметам дека е многу важно, и сите наши ученици треба да се облекуваат онака како што им е удобно“, вели таа.

Портпарол на ЛГБТИ организацијата Стоунвол го опишал потегот како „охрабрувачки“.

„Ниту една транс личност не треба да биде принудена да се претставува на начин кој прави да се чувствува неудобно. Кога ова се случува, може да биде многу оштетувачки, особено за младите луѓе“, изјавил портпаролот.