Три години протести на исклучените од Топлификација

Исклучените од системот на Топлификација денеска од 12 часот го одржуваат својот 159-ти протест, со што одбележуваат одбележуваме 3-годишнина од почетокот на протестите.

„По тој повод, како и поради вмешаноста во криминални дејства или намерно непостапување по службена дејност Здружението за заштита на граѓанските права ‘Но Пасаран’ ги повикува: Димитар Петров, Претседател на Регулаторна комисија за енергетика,Благој Чурлинов, Претседател на Комисија за заштита на конкурентноста и Илир Сулејмани, Претседател  на Основен суд 2, да си дадат неотповикливи оставки на своите дејности“, стои во соопштението на иницијативата за протестот.

Во прилог даваат и дел од Мислењето на Врховниот суд за, како што велат, криминалната наплата на БЕГ и РКЕ кое е спротивно на пресудите на Основниот суд 2 и Апелација.

„Станарите кои никогаш не биле приклучени на систем на топлинска енергија, не склучиле договор за снабдување со топлинска енергија и немале поставено внатрешна инсталација од снабдувачот на топлинска енергија, немаат статус на исклучени пасивни потрошувачи и со тоа не треба да плаќаат надомест за ангажирана моќност (фиксен дел од надоместокот за топлинска енергија)“, се вели во соопштението.

Исто така, иницијативата продолжува и со акцијата за собирање на потписи против незаконско работење на извршителите.