Третиот конопфест ќе се одржи на 20 април годинава

„OCB Конопфест 2024“ е третиот по ред конопфест кој ќе се одржи во скопскиот Градски парк на 20 април со почеток во 12 часот на нова сцена Лепеза.

Организатор е Здружението за канабис и зелени политики „Билка“, а учество ќе земат неколку домашни изведувачи и диџеи, food corfner со Toto Daily и Fat kitchen bistro.  Како што најавуваат организаторите, ќе има и OCB катче каде ќе се оддржи натпревар во ролање со награди за најдобрите тројца и штандови на пријателски организации.

„Повелете на добра дружба и праќање на човечка и политичка порака дека сеуште очекуваме, бараме и работиме на декриминализација на канабис во медицински и рекреативни цели“, велат од „Билка“.

Целосната програма ќе биде објавена наскоро.