„Tрансверзалец“: Сите информации за загинатите планинари доставени до институциите

Планинарското друштво „Трансверзалец“ ги доставило сите потребни информации до соодветните институции во врска со загинувањето на планинарите Калина Велевска и Александар Миновски. Од Трансферзалец соопштија дека утре, по завршувањето на истрагата и објавувањето на извештајот, ќе излезат со свој став.

„Со жалење и неизмерна тага изразуваме сочуство за прерано изгубените животи на нашите Калина и Александар. Тие беа дел од нашата заедница и клубот, и ќе им недостасуваат на сите членови и планинари. Уште еднаш искрено сочувство до нивните семејства и блиски. Двајцата другари и колеги планинари ќе ни недостасуваат бескрајно и секогаш ќе се сеќаваме на убавите спомени од сите наши заеднички акции“, напишаа од друштвото на Фејсбук.

Калина и Александар загинаа викендов искачувајќи се на планината Кајмакчалан. Тие ќе бидат погребани денеска.