Тивок марш во Париз – видео проект на Darren Aronofsky и JR

„The Standing March“ е проект на францускиот иметник JR и режисерот Darren Aronofsky, кои ја искористија минатонеделната Конференција за климатски промени во Париз за да го прикажат своето дело.

Во време кога се забранети сите протести во во Париз, поради неодамнешните терористички напади на главниот град на Франција, двајцата уметници проектираа слика со повеќе од 500 луѓе врз фасадата на националното собрание како форма на тивок протест.

„Ова на некој начин симболизира дека луѓето гледаат и секој во оваа зграда, секој во овој свет, гледа да види што прават дипломатите, со надеж дека ќе се направи промена“, вели Aronofsky за видеото.

Видеото, на кое се слуша музиката од Massive Attack, беше проектирано врз собраниската зграда на 29 и 30 ноември., по што продолжи да се прикажува на повеќе локации во Париз од 1 до 7 декември.

„Конференцијата за климатски промени (COP21) се одржува во Париз, додека градот и неговите жители неодамна настрадаа од масовен терористички напад. Поради безбедносни причини, маршевите се забранети во Париз. Но, нашите уметничко дело е тивок марш“, напиша JR на веб-страницата на проектот.

„И ние маршираме, поддржани од Националното собрание, срцето на француската демократија. Ние мора да размислуваме за нашата иднина, иднината на нашата животна средина и ова е наш одговор на оние кои сакаат да ја контролираат нашата сегашност.”

The Standing March – JR and Darren Aronofsky from SOCIAL ANIMALS on Vimeo.