„Tip of the Week“: прва македонска книга за професионален развој што собира средства за издавање на „Кикстартер“

Кампањата за финансирање на интернационалното издание на книгата TIP OF THE WEEK® неодамна беше лансирана на платформата за онлајн собирање на средства „Кикстартер“. Тимот има за цел да собере 8.000 долари за еден месец, кои се потребни за издавање на книгата на интернационално ниво. Изданието на англиски јазик ќе содржи 40 совети од автори и деловни професионалци од Балканот надополнети со многу практични примери и самоевалуациони вежби.

Заинтересираните можат да го поддржат овој проект со минимален износ или да бираат помеѓу понудените пакети во коишто се вклучени дигитални изданија на книгата, потпишани изданија, интерактивни картички и многу други изненадувања, во зависност од висината на влогот.

„После одличната прифатеност на Tip of the Week® Прирачниците во регионот, навистина сме среќни што преку проектот на Kickstarter ќе можеме да допреме и до многу поширока читателска публика од светот и да презентираме уникатна перспектива на успешно работење на професионалци од Балканот. Поддршката од Македонија, регионот и дијаспората ни е навистина важна за да успееме да го позиционираме Tip of the Week® „рамо до рамо“ со светските имиња од оваа сцена. Затоа, секој којшто сака да го поддржи овој проект и со минимален износ од еден долар, може да го направи тоа на следниов ЛИНК“, велат главните иницијатори и креатори на Tip of the Week® концептот, Петар Лазаров и Калин Бабушку.

Tip of the week® е првата книга од Македонија на глобалната платформа „Кикстартер“ на која успешно се финансирани околу 135.000 проекти од целиот свет.

Tip of the Week® концептот e започнат во 2010 година во Македонија со издавање на неделни совети и два прирачници за личен и за професионален развој. Во 2016 година, проширен е во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а од оваа година и во Хрватска. Прирачниците до сега се издадени на три јазици и продадени во тираж повеќе од 20.000 копии.