Тимот кој ја направи првата трансплантација на црн дроб меѓу добитниците на државната награда „23 Октомври“

Лекарскиот тим кој ја направи првата трансплантација на црн дроб во Македонија, професорот Африм Османи, уметникот Роберт Јанкулоски и писателот Блаже Миневски се овогодишните добитници на државната награда „23 Октомври“.

За остварување во областа на науката и образованието, наградата се доделува на проф. д-р Зоран Караџов, проф. д-р Светозар Антовиќ, доц. д-р Бети Тодоровска, прим. д-р Татјана Спировска и проф. д-р Маја Мојсова Мијовска, тимот за трансплантација на црн дроб.

Дополнително во оваа област награда му се доделува и на проф. д-р Африм Османи, универзитетски професор.

За остварување во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на визуелниот уметник проф. м-р Роберт Јанкулоски, како и на писателот Блаже Миневски.

Од Одборот за доделување на државната награда информираат дека наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври во Собранието на Република Северна Македонија.