Александар Трајковски и Лаура Папранику-Бејтула добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

Публицистот Александар Трајковски за остварување во областа на публицистиката и новинарката Лаура Папранику-Бејтула за остварувања во областа на новинарството се добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 21 декември, денот на раѓањето на Мито Хаџи Василев-Јасмин.

Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ со која се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството за првпат е доделена во 1969 година.