Тенорот Влатко Груевски на отворање на „Десет дена Крушевска Република“ и со концерт во Крушево

Оперскиот пејач, тенорот Влатко Груевски оваа година на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република” ќе ја интонира државната химна на свеченото отварање на 1-ви август во Крушево на Гумење, како и на централната прослава на празникот Илинден на 2-ри август на Мечкин Камен.

Оперскиот пејач ќе одржи и свој солистички концерт, како дел од концертната сезона „The Art of Power”, насловен „Во чест на Тоше Проески“. Концертот ќе се одржи на 5-ти август на летната сцена на музејот на НОБ во Крушево, во рамките на „Десет дена Крушевска Република”, со почеток во 20 часот.

Настаните се во пијано придружба на диригентот и пијанист, Андреј Наунов.