Театарски перфоманс на Теа Беговска во „Јавна соба“

Се мразите или се плашите од себе? Интерактивен перформанс кој нуди бегство од реалноста! А која е нашата реалност? Зошто го инхибираме животот во време кога сме најсвесни за својата смртност?!  Задоволни сме од својот живот?  Колку се знаеме? Колку ги познаваме нашите партнери? Задоволни сте од вашата професија?  Дали сакате простор за да се искажете и ослободите?

Вака гласи најавата за театарскиот перформанс на режисерката Теа Беговска кој ќе се случи на 6 јуни од 21 часот во „Јавна соба“.

„Нашите актери ќе ги споделат нивните емотивни борби! Да се прифатиме, ослободиме и да почнеме да живееме! Заедно да ги тргнеме маските за време од еден час“, велат oд екипата на интерактивниот перформанс „Aктер човек”.

Театарски перформанс зборува за човечката осаменост, за љубовта, затоа колку се сакаме себеси, колку го сакаме другиот до себе.

„Човек ли сум? Актер ли сум? Актер- човек или човек – актер? Кога си сам со себе си еден човек, кога си надвор си многу луѓе. Овој перформанс обработува мигови од животот на еден човек, што прави кога е сам со себе дома. Се’ она што се плашиме да го изговориме на глас, овие луѓе актери ќе го кажат. Публиката е дел од овие приказни, таа ќе биде сведок на секој миг што човекот го поминува кога е сам со себе“, стои во најавата за перформансот.

Актери во перформансот се Никола Кузелов, Надица Петрова и Даријан Петров, автор на музика е Енес Беговски, а дизајн на плакат е Стефани Христов.

Цена на билет е 200 денари. Повеќе инфо околу билетите ТУКА.