Театарска авантура – работилница за млади актери во „Бруталиск“

Драмското студио „Театар за тебе“ објави повик за драмска работилница „Училишниот ранец“ за млади што ќе се одржува од 3 до 8 јули во „Бруталиск“.

Работилницата која ќе ја води актерката Изабела Пан е наменета за млади актери од 12 до 15 години. Учесниците, како што се вели во најавата, преку процесна драма ќе истражуваат и ќе се едуцираат на тема врсничко насилство, а на крај ќе создадат претстава.

Работилниците во предвидените денови ќе траат од 14 до 16 часот.

Партиципацијата за учество е 2.000 денари, а бројот на учесници е ограничен. За пријавување може да се обратите на е-адресата: artbrigada.brutalisk@gmail.com.