Светските лидери се согласија дека пазарот на слонова коска мора да биде сузбиен

Додека трговците со слонова коска убиваат по еден слон на секои 15 минути, притисокот да се затвори легалната трговија со слонова коска се зголемува. Вкупно 182 држави се согласија на затворањето на легалните пазари во неделата, со потпишување на Конвенција за интернационална трговија со загрозени видови.

Одлуката е значајна во интензивирањето на притисокот врз државите кои сѐ уште се домаќини на вакви пазари, а конзервационистите велат дека даваат алиби на криминалците, кои смеат да ги продаваат производите како легални.

Конвенцијата за интернационална трговија со загрозени видови, напишана овој викенд во Јоханесбург, се согласи прв пат во историјата дека националните пазари на слонова коска треба да бидат затворени, а не регулирани. Сета меѓународна трговија на слонова коска е забранета, но многу држави дозволуваат антички и други видови на слонова коска да се купуваат и продаваат на мало.

Повеќе од 140000 слонови кои живееле во африканските савани се убиени поради нивната коска во периодот меѓу 2007 и 2014 година, бришејќи речиси третина од нивното население.

„Нема легален пазар кој не придонесува за илегалната трговија“, вели Сузан Лајберман од Друштвото за зачувување на дивиот свет. Таа додава дека сега останува на волјата на глобалната заедница да стави крај на пазарите на слонова коска, и дека тоа е нова надеж за африканските слонови денес.