Светот го одбележува Денот на бројот π

Сите почитувачи на математиката денеска го слават Mеѓународниот ден на еден од најпрепознатливите ирационални симболи – бројот π. Но, денеска е специјален ден, кој се случува еднаш во сто години, односно денот кога бројките на датумот и годината ќе се поклопат со цифрите на бројот .

Совршениот период да се прослави „ирационалноста“ е во 9:26 минути и 53 секунди, наутро или навечер, кога сите десет цифри ќе се совпаднат со оние на Пи – 3,141592653.

Ова се случува еднаш во сто години, така што оние кои вистински ја почитуваат математиката се трудат да го одбележат овој ден на уникатен начин со оглед на тоа дека наредниот ќе биде дури во 2115 година. Други пак, денеска го слават роденденот на Алберт Ајнштајн кој е исто така, на 14 март.

Посебна карактеристика на овој број со кој се пресметува плоштината на кругот е тоа што е ирационален, така што неговите цифри не се повторуваат и се бесконечни. Исто така, бројот Пи, се користел и при изградбата на античката пирамида од Гиза во Египет.

Денеска, голем број на музеи и институции го прославуваат денот. На пример, билетите за влез во музејот на Салвадор Дали во Сант Петерсбург денеска чинат 3.14 долари.

Ова се дел од останатите начини на кои љубителите на овој ден се обиделе да го одбележат на креативен начин:

Некои отишле дотолку што секоја нота и акорда ја претставиле како број. Во видеото, неколку музичари покажуваат како всушност звучи бројот Пи.

Извор: RT TIME