Супер Марио ќе може да се игра и на мобилните

Нинтендо соопшти дека работи на својата прва мобилна игра – Супер Марио Ран. Според досегашните информации, играта треба да биде достапна за оперативните системи на Ајфон од 15 декември.

Концептот на играта е таков што Марио постојано трча, а кога корисникот ќе го допре екранот, го тера да скокне.

Иако на прв поглед не изгледа како оригинална идеја, од Нинтендо велат дека работат на неколку пресврти во играта кои ќе ја направат да биде подобра од една просечна мобилна игра.

Исто така, постојат уште два методи во играта, вклучувајќи и „дух“ метод, односно кога корисникот се натпреварува со времето на други играчи, а има опција да направи и свое ниво, така што со собраните монети ги купува потребните алатки за да се изградат сопствените нивоа.

Секој од методите може да се игра бесплатно, но за целосно искуство, треба да се плати 9,99 долари.

Иако од Нинтендо соопштија дека играта ќе биде достапна и за Андроид, се уште нема информации кога тоа би се случило.